Бактеријата ешeрихија коли најдена во половина од примероците од неисправната вода за пиење, докторите алармираат за последици по здравјето

Од:

Речиси третина од 960 примероци вода кои биле испитувани за бактериолошка анализа од Центарот за јавно здравје, не одговарале на пропишаните нормативи. Над 15 отсто, пак, од земените 939 примероци вода за пиење, биле неисправни.

Извештајот на Центарот за јавно здравје – Скопје за 2020 година детектира бројни пропусти во сегментот на квалитетот на водата за пиење. Од извештајот може да се види дека бактеријата ешерихија коли била присутна во речиси половина (46,5 отсто) од испитаните примероци кои биле неисправни, колиформни бактерии кај 37,7 отсто, а бактеријата протеус спп., кај 21,6 отсто од примероците.

Висок процент на бактериолошки неисправни примероци се најдени кај примероците земени во населените места кои се снабдуваат со вода за пиење од други видови водоснабдителни објекти – чешми, бунари, извори и др.

„Болестите што се пренесуваат преку вода се одговорни за многу различни видови заболувања вклучувајќи ги и респираторните, невролошки заболувања, кожни проблеми, гастроинтестинални заболувања и инфекции на крвотокот. Луѓето се заразени од микроби пренесени од вода не само кога пијат вода, туку и кога вдишуваат загадени капки вода или кога им влегува загадена вода во ушите или носот“, објаснува д-р Марија Михајлова, специјалист по семејна медицина – „Семед“.

Симптомите на опасни соеви на E. coli се слични на симптомите на дизентерија (грчеви во стомакот, болка, дијареа, треска, гадење, повраќање, дехидратација) и други болести кои се пренесуваат преку водата, вели д-р Михајлова

Според неа, од седумте најчести болести кои се пренесуваат преку вода во светот (тифоидна треска, колера, Giardia, хепатитис А, дизентерија, Escherichia Coli, Salmonella), дијарејата е централен симптом.

Најновото истражување на CDC (Центар за контрола и превенција од болести –САД ), покажува дека дијарејата е втора водечка причина за смрт кај деца под петгодишна возраст, предизвикувајќи повеќе детски смртни случаи отколку маларијата, СИДА-та и сипаниците заедно во дестка популација. Од други симптоми кои доминираат во клиничка слика зависно од причинителот се: главоболка, болки во стомакот, треска, замор, крв и слуз во изметот,гадење,повраќање, губиток на апетит. Симптомите на опасни соеви на E. coli се слични на симптомите на дизентерија (грчеви во стомакот, болка, дијареа, треска, гадење, повраќање, дехидратација) и други болести кои се пренесуваат преку водата.

Во земјава, истите проблеми тапкаат во место кога станува збор за исправноста на водата за пиење

Во земјава, истите проблеми тапкаат во место кога станува збор за исправноста на водата за пиење: недефинирани заштитни зони околу извориштата на вода за пиење, непостоење на соодветна опрема за пречистување и дезинфекција на водата и несоодветно стручно одржување.

„Дадени се препораки до општините кои стопанисуваат со објектите за водоснабдување да се врши одржување на каптажите, резервоарите и водоводната мрежа, како и континуирана дезинфекција на водата за пиење. Затоа постои висок процент на бактериолошки неисправни примероци кај примероците земени во населените места кои се снабдуваат со вода за пиење од други видови водоснабдителни објекти – чешми, бунари, извори и др.(54.08%) и кај останатите водоснабдителни објекти – чешми, бунари, извори и др.(42.52%), како и кај локалните водоводи со кои самите управуваат (25.00%). За сите неисправни примероци вода за пиење редовно е известувана Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за управување со кризи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Секторот за примарна и превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство“, вели Бесим Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје.

Дадени се препораки до општините кои стопанисуваат со објектите за водоснабдување да се врши одржување на каптажите, резервоарите и водоводната мрежа, како и континуирана дезинфекција на водата за пиење, вели директорот Зеќири

Д-р Михајлова има повеќегодишно работно искуство како лекар од примарното здравство во рурална средина и добро е запознаена со проблемите со кои се соочуваат руралните средини во делот на водоснабдувањето и здравствените последици од болестите кои се пренесуваат од вода.

„Во такви услови ние здравствените работници сме недоволни и немоќни само во делот на едукација на населението за начините како може да се заштитат од болести кои се пренесуваат со вода. За урбаните средини, надлежните јавни институции, сопственици и управители на поголеми згради, хотели, здравствени установи, рекреативни водени објекти, потребно е да ги следат позитивните практики и модели и програми за управување со вода од поразвиените земји“, вели таа.

Во предлог-мерките на Центарот за јавно здравје стои дека е потребно дефинирање на заштитни зони околу водоснабдителните објекти според законските прописи, стручно одржување на водоснабдителните објекти според законските прописи, како и дезинфекција на водата според законските прописи (хлорирање или УВ стерилизација), дезинфекција и чистење на извориште, каптажа, резервоар, водоводна мрежа најмалку еднаш годишно.

На почетокот на 20-от век, болестите кои најчесто се пренесуваат со вода, како што се колера и тифус, биле главни причини за смрт во Сoединетите Американски Држави. Сигурното обезбедување на третирана, безбедна вода за пиење драматично го намалила товарот на овие болести и била признаено како едно од најголемите достигнувања во јавното здравство на 20 век. И покрај ова достигнување, болеста што се пренесува преку водата за пиење во САД се уште опстојува, не само таму, туку и во европските држави.

„Со овој прилог, А1он.мк се приклучува кон кампањата ‘Разбистри сè‘, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје“

Би можело да ве интересира

Струмичката вода се уште не е за пиење

А1он

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли

Бактериските инфекции втора водечка причина за смрт во светот, по срцевите заболувања

Со три капки лимон скопската вода е лесна за пиење, мит е дека не е безбедна за бубрежно болните

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: 800 илјади луѓе во Газа немаат пристап до вода за пиење