Марџори Тејлор Грин нема да биде казнета

Од:

Републиканците во Претставничкиот дом одлучија да не ја казнуваат пратеничката Марџори Тејлор Грин за пропагирање теории на заговор и коментари што вклучуваат поддршка за насилство врз демократите, како и за Лиз Чејни, која гласаше за отповикување на Доналд Трамп.

Контроверзната конгресменка од Џорџија, Тејлор Грин, нова во Конгресот и радикален поддржувач на Трамп, беше предмет на многу критики и повици за нејзина оставка поради поддршката за теориите на заговор, претходните негативни изјави за жртвите во масакрот во училиштето во Паркленд и повици за убиства на демократи.

Марџори Тејлор Грин (46) е на функција од минатиот месец.

Тие наведоа дека Грин се извинила за тие коментари, а републиканката сè уште се соочува со обиди на демократите кои го контролираат Претставничкиот дом да и ги одземат двете функции во комитети, за кои најверојатно ќе се гласа денеска.

На истиот состанок, републиканците со 145 гласа „за“ и 61 „против“, одлучија да не ја отстранат Лиз Чејни од нејзината позиција во Претставничкиот дом.

Чејни, заедно со уште девет републиканци во Претставничкиот дом, гласаа за импичмент на Трамп на 13 јануари, под обвиненија за бунт по смртоносниот напад на Капитол една недела претходно. Останатите 197 републиканци гласаа против, а таа вчера рече дека не жали за начинот на кој гласала.

Би можело да ве интересира

Бајден го повика Конгресот да донесе закон за финансиска помош за Украина и Газа

Претставничкиот дом во хаос откако Кевин Мекарти не беше избран за претседател ниту по три обиди

Катерина Ѓуровски

Комитетот на Конгресот на САД препорача кривичен прогон за Доналд Трамп

Републиканците на чекор од освојување мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за заштита на правото на контрацепција

Конгресот на САД одобри 40 милијарди долари за Украина