САД предупредуваат дека „Северен поток 2“ ја поткопува трансатлантската безбедност“

Од:

Американскиот Стејт департмент соопшти дека гасоводот „Северен поток 2“, кој треба да пренесува природен гас од Русија до Германија преку Балтичко Море, ја нарушува трансатлантската безбедност.

– Северен поток 2 и втората линија на Турски поток се наменети да ја зголемат моќта на Русија над нашите сојузници и партнери и тие ја нарушуваат трансатлантската безбедност, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на брифинг.

Прајс рече дека САД ќе продолжат да ја следат изградбата на гасоводот, за кој се верува дека е завршен околу 90 проценти.

САД тврдат дека проектот ќе ја поткопа енергетската безбедност на Европа со тоа што Германија и другите сојузници на САД ќе станат премногу зависни од руските достави на енергија. Поддржувачите на проектот го обвинуваат Вашингтон дека е заинтересиран само да го продава својот течен природен гас во Европа.

Гасоводот ја заобиколува Украина, лишувајќи го рускиот сосед од транзитни такси што ги добива за транспорт на руски гас до остатокот од Европа.

САД санкционираа компании вклучени во проектот, но германската канцеларка Ангела Меркел продолжува да ја поддржува изградбата на гасоводот, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Полскиот претседател повика на укинување на Северен поток 2

Швајцарија му даде уште време на Северен поток 2 за подмирување на финансиите

Ана Ололовска

Москва: Замрзнувањето на Северен поток 2 ќе нанесе непоправлива штета на руско-германските односи

А1он

Кулеба: Одлуката на Шолц за „Северен тек -2“ е морално, политички и практично исправен чекор.

Германија го запира Северен поток 2