Уловена е најавената Серија 2 на BMW која всушност претставува купе верзија на новата генерација на Серија 1.
Она што може да се забележи преку камуфлажата купето напред ќе се разликува по нов браник со поголеми отвори за довод на воздух, различни предни светла и најверојатно модернизиран облик на неизбежните бубрези.
Што се однесува до техниката таа е идентична со онаа на Серија 1.
Под хауба се очекуваат бензинци и дизели со четири цилиндри и распон на моќност меѓу 150 и 218 КС. Тие се врзуваат со погонот на задна оска.
Секако во понудата ќе биде сврстен и 6 цилиндричниот бензинец од 3.0 литри кој ќе работи во моделот М235i каде ќе испорачува 320 КС и 450 Nm кои ќе се испраќаат кон сите четири тркала.
Сериски моторите се спарени со шест степен рачен менувач, а со доплата може да се добие и осум степениот автоматик како и погонот на четири тркала xDrive. Светската премиера на BMW Серија 2 ќе се случи на салонот во Франкфурт.
Две години подоцна се очекува и отровниот М2 кај кого под хауба ќе бревта моќна коњица од 350 расни грла.