Кинески научници предупредуваат на долгорочните ефекти од Ковид-19 врз плодноста кај мажите

Од:

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија Хуажонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти од заразата со Ковид-19 врз плодноста кај мажите, поради бројни докази за намалена подвижност на сперматозоидите, помал број на сперматозоиди и оштетување на тестисите, и велат дека вирусот се заканува да го уништи човештвото и откако ќе заврши пандемијата.

– Сметаме дека е потребно итно следење на состојбата кај машки пациенти заразени со коронавирус за време на закрепнувањето, велат микробиологот Ју Тијан и репродуктивниот биолог Ли-куан Жоу.

САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19, влегува во човечкото тело преку ензим кој е присутен во голем број витални органи, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, бубрезите и цревата. Ова ги остава подложни на значителни оштетувања, бидејќи вирусот таму се населува и почнува неконтролирано да се размножува.

Рецепторот на ензимот се наоѓа во респираторниот, дигестивниот, циркулаторниот, невролошкиот и потенцијално дури и во машкиот репродуктивен систем. Прелиминарните студии утврдија присуство на вирусот во примероци на сперма од пациенти со Ковид-19.

Истражувачи од германски и ирански универзитети известуваат за директни докази за оштетување на тестисите по зараза со коронавирусот. Тие откриле маркери на воспаление во примероци од ткиво на 84 пациенти со Ковид-19 од вкупно 189 примероци.

Тимовите го тестирале квалитетот на спермата и барале знаци на оксидативен стрес кај пациентите. Откриле дека воспалението и клеточниот стрес се двојно посилни кај пациенти со Ковид-19 од контролната група.

Загрижувачки е што сперматозоидите на заразените пациенти се три пати побавни, а бројот на сперматозоиди исто така бил драматично помал.

– Овие ефекти врз клетките на спермата се поврзани со понизок квалитет на сперматозоидите и намален потенцијал на плодност, изјави шефот на тимот Бехзад Хаџизаде Малеки.

– Иако овие ефекти покажаа тенденција да се подобрат со текот на времето, тие останаа значително зголемени кај пациенти со корона, а обемот на овие промени е исто така поврзан со тежината на болеста, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана