Луѓето кои во канцеларија седат до прозорец се двојно попродуктивни, подобро спијат и успешно се позадоволни отколку оние кои на работа седат под вештачко осветлување.
Изложеноста на дневната светлина помага во реглирањето на сонот, подобрување на расположението и го крева нивото на продуктивносот на работникот. Канцелариските работници кои седат до прозорец двојно се поконцентрирани отколку оние кои им се погодило да бидата во дното, во најмрачниот дел на канцеларијата под вештачко осветлување.
Кога надвор денот е сончев, во текот на осум часа човекот се полни со светлина во вредност околу 1.000 лукси, додека денот поминат во канцеларија под вештачко осветлување дава само околу 300 лукси. Лукс е SI изведена единица осветленост (илуминација). Еднаква е на еден лумен по квадратен метар.
– Просечна изложеност на светло би требало да изнесува 1000 лукси на ден, а колку човекот е постар, толку е почувствителен на помала изложеност на светло, изјави професорот и невролог, Расел Фостер од Оксфорд Универзитетот.
За оние кои имаат порблеми со сонот, заморот и воопшто со лошото расположение, Фостер советува барем половина час шетање под силно сонце.