Ја пропушти преку ред и поради тоа не освои џек пот

Од:

Кога Глорија Ц. Мекензи (84) освои рекорден џек пот на американската Паурбол лотарија од 590,5 милиони долари, даде изјава дека еден човек бил доволно мил за да ја пропушти преку ред кога го купувала добитното ливче.

Иако прво се пишуваше дека станува збор за маж, се покажа дека станувало збор за жена. А таа жена, Минди Крендел (34) не е воопшто вознемирена што нејзината добра постапка ја чинело огромно богатство и рече: – Се има своја причина, изјави за АБЦ Њуз.

Минди Крандел била заедно со двете ќерки во ред за да купи ливче кога пред неа застанала Глорија Мекензи.

– Мојата десетгодишна ќерка ми рече дека госпоѓата застанала пред нас, но јас не обрнав внимание. Но, продавачката тоа го виде, и пред да го продаде на Мекензи ме праша дали сакам пред неа. Јас тоа го одбив и и реков на госпоѓата слободно да го купи среќка пред мене, рече Крандел.

Таа вели дека од тогаш семејството и пријателите се шегувале дека изгубила џек пот и дека сега таа госпоѓа ќе го освои и по некое чудо – тие биле во право.

Кога Мекензи дојде по наградата, Миндин-десетгодишната ќерка само рече: – Мамо, мамо, тоа е таа госпоѓа која ја пуштивме преку ред.

– Можевме ние да бидеме добитниците, но такви работи се случуваат. Понекогаш е подобро да се биде трпелив, отколку да се биде во право. Пропуштајќи ја таа госпоѓа преку ред, знаев дека нашата ќерка ја учиме за вистински вредности, рече Минди. Таа вели дека не е лута, ниту пак огорчена, туку само се надева дека парите навистина ќе го благословат семејството Мекензи.

Инаку, Глорија Мекензи не го објави планот како ќе ги троши парите, а преку адвокатот само порача дека семејството сака да ја задржи својата приватност.

Да потсетиме, Мекензи одбра исплата веднаш, па ќе и бидат исплатени 370,8 милиони долари. Ако ја избереше опцијата на рати, би добила цела сума, но во 30 годишанта исплата по 19 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ