На 100 години почина капетанот Том Мур, херојот на Британија кој собра 37 милиони евра за медицинарите

Од:

Ветеранот од Втората светска војна, Британецот Том Мур, минатата година одново стана херој во својата земја, откако хуманитарната акција што ја започна за помош на британските медицински лица, прерасна во огромен хуманитарен проект во чии рамки беа собрани неверојатни 33 милиони фунти, односно 37 милиони евра.

Но, утрово Британците ги пречека лоша вест: капетанот Мур и самиот ја загубил битката со коронавирусот. Херојот на нацијата имаше наполнети 100 години.

Во април лани, за време на првиот бран на пандемијата и карантинот во Велика Британија, Мур се впушти во невообичаен потфат: да помине со своето помагало за одење сто должини на неговата градина, со цел да собере илјада фунти со кои малку ќе им се помогне на лекарите и медицинскиот персонал во болниците во земјата, волонтерите и пациентите.

Резултатите беа неочекувани – акцијата ја трогна јавноста и стана мегапопуларна ширум Британија и надвор од неа, а на крајот беа собрани 37 милиони евра.

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска му оддаде признание на Мур, наведувајќи дека тој не беше само извор на инспирација во земјата, туку и „светилник на надежта“ за целиот свет.

Во чест на Мур, денеска знамињата на зградата на британската Влада на Даунинг стрит 10 беа спуштени на половина копје.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот