Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е заразен со коронавирусот, но не покажува симптоми, соопшти попладнево актуелниот шпански фудбалски првак.
-Нашиот претседател Флорентино Перез периодично се тестира на Ковид-19 и неговиот последен тест е позитивен, иако тој не покажува симптоми, се наведува во клупското соопштение.
Перез идниот месец ќе го прослави својот 74 роденден.
Пред него, позитивен на коронавирус во редовите на Реал Мадрид беше и тренерот Зинедин Зидан поради што последните два натпревари на екипата ги водеше неговиот помошник Давид Бетрони.