Познатата актерка Светлана Бојковиќ е во болница со компликации од Ковид-19

Од:

Ветеранката на српското глумиште, Светлана Бојковиќ, веќе неколку дена е на лечење во Клиничко-болничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, откако развила компликации како последица на инфекција со коронавирусот, јави агенцијата Танјуг, повикувајќи се на луѓе блиски до познатата актерка.

Бојковиќ е сместена на клиниката минатата среда откако имала позитивен ПЦР тест, а потоа развила пневмонија, а нејзината состојба сега е стабилна, рекол изворот на Танјуг, кој додал дека 73-годишната актерка неколку дена се лечела во домашни услови, пред да биде примена во болницата.

Таа не била на кислородна поддршка, но со оглед на тоа дека претходно имала кардиоваскуларни проблеми, превентивно е сместена на клиниката.

Откако веста за нејзината хоспитализација излезе во медиумите, се огласи и самата Бојковиќ, која рече дека добива одлична нега од персоналот во болницата и дека се надева оти брзо ќе може да оди дома.

Нејзиниот сопруг, Славко Круљевиќ, не бил позитивен на вирусот, пишуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени