Блинкен: Вашингтон е длабоко загрижен од пресудата за Навални

Од:

САД се длабоко загрижени од одлуката на руските власти да пресудат затвор во траење од две години и осум месеци за опозицискиот лидер Алексај Навални, во замена на условната казна, соопшти денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

-Навални, како и секој руски граѓанин, има права кои следуваат според рускиот Устав, и Русија има меѓународни обврски да ги почитува еднаквоста пред законот и правото за слобода на говорот и слободно собирање, се вели во соопштението.

-Повторно ја повикуваме руската Влада моментално и безусловно да го ослободи Навални, како и на стотици други руски граѓани кои во изминатите недели беа неправедно задржани само затоа што посегнале по своите права, вклучително правото за слобода на говорот и слободно собирање.

Се наведува дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во 2014 година заклучил дека пресудата против Навални, основа за новата пресуда, била „незаконска и селективна“ и „политичи мотивирана“.

-Сегашниот процес против Навални, што започна со неговото апсење на 17 јануари, е продолжување на напорите за газење врз неговите права поттиснување на политичкиот плурализам, претходно заклучено и од ЕСПЧ, посочува Блинкен.

Додава дека додека САД работат со Русија за напредок на американските интереси, Вашингтон е во тесна координација со сојузниците и партнерите за „Русија да одговара за тоа што не успева да ги штити правата на сопствените граѓани“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“