Четворица велештани нападнале вработена во струшко казино, добија кривична пријава

Од:

Четири лица од струшкото село Велешта добија кривични пријави за напад врз вработена и обезбедување во казино лоцирано во центарот на Струга, соопшти полицијата.

СВР Охрид информира дека ОВР Струга поднело кривична пријава против А.С.(30), А.С.(32), Б.Н.(36) и М.Н.(56) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

– Кривичното дело го сториле на 12 јануари годинава во 19 часот и 30 минути, во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга, каде физички нападнале вработена во казиното и припадник на агенција за обезбедување, стои во соопштението на СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски