И шофер вработен во „Македонија пат“ бил фатен како поминува патарини со влучени „флешери“ кои е забрането да се постават и употребуваат, дознава „А1он“. Тој поминал на наплатната рампа кај Петровец, а бил застанат од полицијата која вчера имаше акциска контрола. Настанот за „А1он“ го потврдува директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемети, но негира дека тој се превезувал со автомобилот и шоферот. Мемети тврди дека во автомобилот со вклучени влешери бил раководител на подружница во „Македонија пат“.
„Тони Цветановски е возач во Битола, јас имам други шофери. Не ме превезува мене. Не сум бил со него. Возилата ‘пасат’ ги користат за превезување на правници, директори на подружници во Скопје. ‘Шкодата’ ја користам јас. Ние сме ослободени од патарина. Тие ‘флешери’ на ‘Пасатот’ се 10 години, не се од сега. И на џипот и на другите возила, исто. Шоферот е казнет, 250 евра. Тој сам ќе си ја плати, што ги пуштал ‘флешерите’. Нема тука за никого отстапка, законите мора да важат за сите. Тој ме информираше мене за казната, а го превезувал раководителот на подружницата овде во Скопје, Саше. Јас имам дадено строга забрана, ако има ‘флешери’ од порано, да ги извадат. И на шоферот му дадов налог уште денес да си ја плати казната“, вели Мемети за „А1он“.
Со вкучени „флешери“, кои не смеел да ги има поставено, беше фатен и шефот на кабинет на вицепремиерот Артан Груби. И тој се превезувал со службено возило, сопственост на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Полицијата го казни за употребата на „флешерите“.
Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци (флешери) смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба. Вакви уреди може да се вградуваат и употребуват и на возила определени со акт на Владата како и на возилата со право на првенство на минување.
Дополнително, флешери може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела.
Инаку, МВР фати и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација. И против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.