Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Од:

Игор Спасов бил приведен по пријава за семејно насилство, потврдиле полициски извори за Бугарското национално радио.

За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Бугарското Министерство за внатрешни работи за дописникот на МИА потврди дека Игор Спасов е приведен од бугарската полиција во понеделникот, но не сакаше да каже каква ќе биде постапката понатаму.

Поранешниот полицаец Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, уапсен е вчера во поппладневните часови во населбата Младост во Софија од страна на бугарската полиција по добиена дојава, претходно јави Бугарското национално радио БНР. Веста за апсењето на Спасов синоќа ја потврдија и од МВР.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Ана Ололовска

Екстрадицијата на Спасов неизвесна, Бугарија досега одобрувала, но и одбивала да испорача осуденици во Македонија

Кристијан Ландов

Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава

Ана Ололовска

Во Бугарија уапсен бегалецот Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски

Кристијан Ландов