Полицијата во францускиот град Тулон денеска пронашла отсечена глава на бездомник во картонска кутија, која била исфрлена од прозорец на стан во една зграда.
Уапсен е еден осомничен, во чиј стан бил идентификуван бездомникот при полициска контрола претходниот ден, објави Радио Франс Инфо.
Полицијата трага по друг бездомник кој бил идентификуван при синоќешната контрола.
Многу улици во центарот на Тулон, пристаништен град на Азурниот брег и воена поморска база, се затворени, додека полицијата и армијата трагаат по други осомничени.