Османи-Сореиде: Севeрна Македонија како членка на НАТО значајно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, при што се заблагодари за континуираната билатерална поддршка што Норвешка ја дава во насока на унапредување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија, преку поддршка на административните и легислативните капацитети потребни за процесот на преговори со Европската Унија.

Како што соопшти МНР, Османи истакнал дека Норвешка се вбројува во земјите најголеми донатори на билатерална помош, што е исклучително значајно во трансформацијата на нашата земја во демократско општество.

За време на разговорот беше отворена темата и за силната посветеност на Владата на Северна Македонија за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата. Воедно беше потенцирана блиската мултилатерална соработка и заедничкото учество, на двете земји во рамки на мировните мисии. Во таа насока од страна на Османи беше упатена честитки за изборот на Норвешка за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, што е одлична можност за јакнење на нејзиниот придонес кон мултилатерализмот.

-Денес, Република Северна Македонија е земја-членка на НАТО и ЕУ перспективи при што значајно придонесува во стабилноста и безбедноста во регионот, нагласи Османи.

Министерката Сореиде за време на разговорот упати честитки и за идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и заложбите на нашата земја за човековите права, демократијата и владеење на правото.

Двајцата соговорници разменија мислења, предлози и сугестии за искористување на потенцијалите за економска соработка и покрај географската оддалеченост. Истовремено беа разменети информации за состојбата со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, регионалните и меѓународни случувања.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија