Шојбле кажа „не“ за евентуално ново намалување на грчкиот долг

Од:

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле не ги прифати оценките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за ново „потстрижување“ на грчкиот долг, изјавувајќи дека нема таква обврска од страна на еврозоната за ова прашање, соопшти грчкиот весник „Етнос“.

Шојбле, цитиран од „Дојче веле“, категорично ја отфрлил веројатноста за ново „потстрижување“ на грчкиот долг.

Според економскоит весник „Ханделсблат“, германскиот министер ги уверил пратениците дека вакви ангажмани кон Атина не се преземени од државите од еврозоната.

Претходно неделава ММФ во свој извештај за спасувачката програма за Грција, во кој се призна дека Фондот дозвилил грешки и пропусти, откри дека постои решение на еврозоната по 2014 година да се пристапи кон натамошни олеснувања на грчките обврски.

Според Шојбле, ова откритие на Фондот не претставува обврска за евентуално дополнително отпишување на грчкиот долг.

-Тоа, едноставно, е само една интерпретација на ММФ, изјави германскиот министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор