Главниот град Рим, Ломбардија и финасискиот центар Милано од утре стануваат жолта зона што е најнизок ранг во категоризацијата од три степени за опасност од коронавирусот.
Од утре во Италија нема да има области во црвената зона, а во портокаловата остануваат само неколку.
Во регионите кои ќе бидат во жолтата зона ќе бидат олабавени рестриктивните мерки. Ова значи дека ќе има послужување на маси во рестораните и во баровите во текот на денот. По 18 часот повторно ќе биде услуга само со достава. Од понеделник до петок ќе бидат отворени и музеите.
На сила и натаму ќе биде полицискиот час од 22 часот навечер до пет часот наутро. Останува да важи забраната за патување меѓу регионите, исклучоци се само патувањата за работни обврски и од здравтвени причини.