Музичарите бараат да бидат дел од петтиот пакет мерки за финансиска помош

Од:

Музичарите што членуваат во шесте здруженија од целата земја синоќа одржаа состанок во Охрид, при што потпишаа Меморандум за соработка и заеднички настап пред државните орани и институции.

На средбата е анализиран петтиот пакет мерки на државата за финансиска поддршка, при што повторно е посочено дека музичарите заедно со угостителите се најзагрозена категорија во постојните услови на криза затоа бараат вклучување во петтиот пакет мерки за финансиска подршка.

-Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме одлуките на Владата, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција затоа што најголемиот дел на нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што и немаат можност да работат и заработат за основните потреби. Затоа уште еднаш апелираме до надлежното министерство и до Владата музичарите како најоштетени од корана кризата да бидат вклучени во 5-тиот пакет за финансиска помош, стои во соопштението издадено по состанокот.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски

Владата ќе им подели по 500 евра кризна помош на 745 естрадни уметници

Жарко Настоски

Владата тврди дека над 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и трошоци

Жарко Настоски

Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември

Ана Ололовска

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги здравствените прописи против Ковид-19

Ана Ололовска