Само два дена по одбивањето на владиното барање за повлекување на 2,7 милиони постари модели на „џипови“, американската компанија „Крајслер“ одлучи од пазарите ширум светот да повлече вкупно 630.000 возила.
„Крајслер“ ќе повлече повеќе од 409.000 возила од марката „џип патриот“ и малиите СУВ возила „компас“, произведени меѓу 2010 и 2012 година, заради проблеми со воздушните перничиња и сигурносниот појас, пренесуваат американските медиуми.
„Крајслер“, исто така, ќе повлече 221.000 модели „џип вранглерс“ од 2012 и 2013 година за да го поправи менувачот заради истекување масло, се наведува во документите ставени на официјалниот сајт на Националната администрација за безбедност на патиштата во САД.