Дебарец без лиценца организирал игри на среќа

Од:

Полициски службеници и Државниот пазараен испектор вчера во Дебар констатирале дека жител на градот без соодветна лиценца органзирал игри на среќа во објект на главната улица.

-Вчера околу 17 часот, при контрола во спортска обложувалница на улицата „8-ми Септември“ во Дебар, полициски службеници констатирале дека Г.Ц. од Дебар организирал игри на среќа со електронска трка на кучиња, без соодветна лиценца издадена од Министерството за финансии. Тој исто така и работел без регистрирана фирма за вршење таква дејност, изјави портпаролот на Секторот за внатрешн работи од Охрид, Стефан Димоски.

Според Димоски, повикан е инспектор од Државниот пазарен инспекторат и известена е Управата за јавни приходи. По целосно документирање на настанот, против организаторот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Портпаролот Димоски исто така информираше дека во последното деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешни работи-Дебар констатирале само еден прекршок за неносење заштитна маска, за што е издаден прекршочен платен налог.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он