Најмногу дожд во Дебар, најстудено на Шапка

Од:

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 20 литри на метар квадратен, наврнаа во Дебар, а најмалку, два сантиметра, во Демир Капија. Водниот талог е 17 сантиметри во Пожаране, 16 во Маврово, 15 во Тетово, 12 во Крушево, 9 во Охрид, 8 во Прилеп, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка и Струмица, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 4 во Претор, Битола и Куманово, како и 3 литри во Штип, Дојран и Ѓуриште.

Како што информира УХМР, најмногу снег има на Попова Шапка, 34 сантиметри. Снежната покривка во Лазарополе е 17 сантиметри, додека во Маврови Анови 12.

Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, -3, нула степени е во Пожаране и Ѓуриште, еден во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Крушево, два во Скопје-З.Рид, Крива Паланка, Тетово и Берово, три во Струмица и Куманово, 4 во Штип и Охрид, 5 во Прилеп, Претор, Дебар и Дојран, како и 6 во Битола и Демир Капија.

Според УХМР, претпладнево времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7до 14 степени.

Во Скопје, во раните претпладневни часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Би можело да ве интересира

Времето денеска сончево, утре дожд, потоа ќе затоплува

Катерина Ѓуровски

Конечно ќе дојде пролет: во следните денови потопло време

Променливо облачно, ветровито и студено, со услови за слаб снег

Временска прогноза: студено со ветер

До сабота дожд, од недела и снег

Продолжува периодот на врнежливо време