Tандем Сенегалци го засили Шкупи

Од:

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Повремениот сенегалски репрезентативец Алберт Боугазели и неговиот сонародник Фаустин Сенгхор се најновите засилувања за пролетниот дел на сезоната во редовите на есенскиот вицешампион во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкупи.

Сенегалскиот тандем, како што соопшти попладнево Шкупи, оставил добар впечаток на подготовките на екипата во Анталија и двајцата фудбалери потпишале двегодишни договори, со можност за продолжување на соработката за уште две години.

Напаѓачот Боугазели (24), кој има два настапи за националниот тим, доаѓа од редовите на сенегалскиот прволигаш Џенерејшн Фут, додека дефанзивниот играч за врска Сенгхор (27) премина во Шкупи од редовите на босанскиот прволигаш Челик.

Шкупи во јануарскиот преоден рок остана без услугите на најдобриот стрелец во есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ, Дембо Дарбо, откако репрезентативецот на Гамбија премина во редовите на белорускиот првак Шахтјор Солигорск.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ