А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Производител на канабис растел непријавени стебла, доби кривична пријава

by А1он29/01/2021 - 18:2430/01/2021 - 01:031127
Share0

Денеска од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава поради постоење на основи на сомневање дека лицето К.Б.(36) од Скопје, управител на правниот субјект за вршење на дејност производство на маслени екстракти од канабис за медицински цели – подружница во село Алданци, крушевско, по чл.95-в ст.2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, како и против правното лице, по чл. 95-в ст.1 од истиот закон.

Добивај вести на вибер

Имено, врз основа на претходно добиени сознанија дека во правниот субјект се врши дејност одгледување на растенија канабис, спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, на 20.12.2020 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и членови на владина Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, бил извршен вонреден инспекциски надзор и увид во правниот субјект, при што било констатирано дека во правниот субјект биле засадени растенија канабис во различна вегетативна фаза за кои не е затекната документација за евиденција.

На 12.01.2021, со цел обезбедување на докази дека постојат основи на сомнение дека во правниот субјект се постапува спротивно на законските одредби од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и се одгледува канабис без соодветна евиденција, по дадени насоки од Комисијата, сите простории на правниот субјект се пломбирани и изречена е забрана за вршење какви било активности во однос на одгледување на канабис за медицински цели.
Од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Прилеп на 26.01.2021, врз основа на претходно издадена судска наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Прилеп, бил извршен претрес во правниот субјект во с. Алданци, крушевско, во присуство на управителот К.Б..

При претресот, од правниот субјект се одземени 18.301 растенија канабис кои биле спакувани во 247 вреќи, компјутерска опрема и документација поврзана со работењето на правниот субјект. Ден претходно врз основа на наредба од Судија на претходна постапка издадена од Основен кривичен суд Скопје 1 извршен е претрес и во седиштето на правниот субјект во Скопје, при што е одземена документација и компјутерска опрема, поврзана со работењето на правниот субјект.

hronikakanabis

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 14:53

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 18:39

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:44

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 17:15

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 14:4025/01/2026 - 18:01

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 13:1925/01/2026 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен