Македонскиот бизнисмен Демировски, обвинет во Србија за афера со оружје, платил 250.000 евра за да му го вратат пасошот

Од:

Македонскиот стопанственик и сопственик на компанијата АТС Груп, Шефкет Демировски, кој е осомничен за давање мито во аферата „Први партизан“ и е во притвор во Србија од ноември 2019 година, постигнал договор со српското Обвинителството, неофицијално дознава белградскиот весник „Новости“.

Според весникот, тој платил 250.000 евра, по што му бил вратен пасошот и отпатувал за Истанбул, каде живее неговото семејство.

Демировски, заедно со Боривоје Глишовиќ, вработен во „Први партизан“, беше уапсен во ноември 2019 година под сомнеж за кражба на документација за производство на муниција во оваа фабрика.

Како што пишува „Новости“, тие се сомничат дека кривичните дела ги извршиле со продажба на проекти и други документи кои и припаѓаат на компанијата „Први Партизан“ од Ужице, поврзани со производство на оружје и муниција.

Истрагата против нив беше покрената во соработка со српските разузнавачки агенции БИА, ВБА и српската полиција и беа приведени по неколкумесечна истрага под сомнеж за „протекување“ на доверливи информации од фабриката за оружје во Ужице.

„Новости“ наведува дека Глишовиќ и Демировски се уапсени за кражба на документација на производство на муниција со калибар од 12,7 милиметри.

Станува збор за тајна документација во врска со производство на муниција за снајпери, но и за противвоздушни митралези која ретко може да се најде на пазарот.

Шефкет Демировски е сопственик на компанијата „Атс груп“ од Скопје, која произведува воена и полициска опрема, и наводно имал намера да започне со производство на 12,7 милиметарски куршуми во една од неговите фабрики.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија