Актерката Анџелина Џоли не исклучува можност наскоро повторно да режира филм. Таа вели дека многу научила од искуството во БиХ каде го сними првиот свој филм „Земја на крв и мед“.
Сега, како што вели заинтересирана е за Авганистан.
„Како млада станав успешна, но сепак не бев многу задоволна. Сакав да посетамн места, да видам други култури по што станав многу благодарна“, изјави таа за Дневни аваз.
Џоли допатува во Сараево во саботата на 18-от Сараево филм фестивал. Прими признание за почесен жител на Сараево доделено лани од Собранието на кантонот Сараево.