Приведена управителката на „Сузуки – МТ“ – фирмата која стопанисува со паркинзите во Охрид

Од:

Доцна попладнево, приведена е управителката на фирмата која стопанисуваше со паркинзите во општина Охрид „Сузуки – МТ“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски вели дека М.М. во моментов е пред истражен судија.

Тој додава дека СВР против управителката поднела кривична пријава поради узурпација на недвижност. Кривична пријава СВР поднела и против правното лице – фирмата „Сузуки – МТ“.

Димовски додава дека правното лице завзело туѓа недвижност која согласно актот на локалната самоуправа е именуван како јавен паркинг и е во сопственост на локалната самоуправа.

Управителката спротивно на одлуката на локалната и понатака ангажирала неплатувачи на паркинг во централното градско подрачје, на овој начин, правното лице се стекнало со материјална корист.

Во текот на денешниот ден полицијата извршила мониторинг на паркинзите, а предходно од дваесеттина граѓани добила поплаки дека на паркинзите и натаму се вршела наплата на паркирање и покрај одлуката на Градскиот совет за раскинување на еден од договорите за закуп.

Ова доаѓа откако општината вчера соопшти дека и официјално ги раскинува договорите за стопанисување со паркинзите во строгиот центар на Охрид со фирмата „Сузуки – МТ“.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум