Британската „Би-би-си“ најави дека ќе снима филм за славната холивудска двојка Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, а првата фотографија која британската телевизија ја објави ја прикажува Хелена Бонам Картер и Доминик Вест во нивните улоги.
Приказната во филмот се случува во 1983 година и се фокусира на односот Тејлор и Бартон за време на театарската изведба на претставата „Приватни животи“ која се прикажувала на Бродвеј.