Точно две години поминаа од спектакуларното апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за кое многумина се сомневаа дека е избрзано, само да се покрие убиството на Мартин Нешковски што се случи истиот ден.
Испадна како што и најавуваа од неговата партија дека е наместен политички процес и дека ќе добие максимална казна затвор, која не се дрзна да ја поништи ни една од судските инстанци, и истата беше запечатена се неодамнешната одлука на Врховниот суд.
За процесот против Љубе Бошкоски бројни замерки стигнаа и од меѓународни институции и од Стејт департментот, кои посочуваа дека се работи за политички монтиран процес.
Љубе Бошкоски уште додека беше на слобода најави дека му се подготвува апсење за што подоцна мораше и да се извинува, иако беше во право – тој веќе беше во затвор. Извинувањето следуваше откако во затворската ќелија му стигнаа неколку тужби од функционери на власт со кои се бараше отштета за секоја од нив по 100 илјади евра.
Неодамна Врховниот суд му ја потврди казната за случајот „Кампања“, адвокатите ја подготвуваат тужбата за Судот во Стразбур за каде што се убедени дека судската одлука на македоснкото судство ќе биде поништена со оглед на бројните нерегуларности.
И додека траеше судскиот процес посочуваа дека не се работи за никаков заштитен сведок, туку за агент провокатор, па дури и ја наметнаа дилемата дали посочениот заштитен сведок воопшто се појави и сведочеше во Скопје или таа улога му беше препуштена на статист.
Адвокатите немаа увид на кој сведочеше против Бошкоски како заштитен сведок.
Со 4-те години во Хаг, Љубе Бошкоски, човекот кој ВМРО-ДПМНЕ го користеше за изборна пропаганда, веќе има 6-годишен стаж во затворските ќелии.
Од Обединети за Македонија посочуваат дека 6-ти јуни 2011 е еден од најцрните денови што може една власт да го остави во македонската историја како настан во пресметката со политичките неистомисленици.
Тој ден беше уапсен и во монтиран политички процес осуден претседателот на Обединети за Македонија Г-дин. Љубе Бошкоски. За овој политички прогон кажаа и го осудија сите релевантни фактори, меѓународни институции, стејддепарментот дека се работи за политичка пресеуда, пресуда донесена врз основа на еден доказ од заштитен сведок за кој всушност научната фела докажа дека е агент провокатор, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.