Еден од водечките луѓе на Одделот за корпоративен дизајн на Рено отрки дека моделот „Алпина“ ќе се обиде да ги следи стапките на Порше.
Лоренс Ван Ден Акер за „Пристон Хедс“ изјави дека прво ќе создадат модел што за „Алпина“ ќе биде исто што и 911 за „Порше“, а потоа ќе се обидат да направат сопствени Панамера и Кајман.
Првиот чекор кон остварување на овие амбиции, на заборавениот бренд, ќе ги направат во 2016 година, кога ќе биде претставен првиот модел што ќе се спротивстави на Алфа Ромео 4Ц.
Според очекувањата новиот модел најверојатно ќе се базира на легенардниот А110 од шеесетите години на минатиот век. Се очекува новата Алпина да биде опремена со дволитарски четирицилиндарски тубро мотор со околу 280 коњски сили.