Неодамнешното британско истражување покажа дека жените почнуваат да се претвораат во своите мајки кога ќе наполнат 31 година.
Анкетата открива дека жените со своето однесување и во однос на вкусовите се повеќе личат на мајките, кога ќе зачекорат во четвртата деценија, а дека главната пресвртница е раѓањето на првото дете.
Повеќе од половина од испитаничките изјавиле дека престанале да им се противат на своите мајки и почнале да се однесуваат како нив по 30-та година. Заклучок од истражувањето е дека клучна година за овие промени е 31-та.
Педесет и еден процент од илјада испитанички, кои биле опфатени со истражувањето, изјавиле дека нивната мајката е жената на која најмногу се угледале во животот. На второ место е сестрата (18 отсто), на трето бабата (десет проценти), а на четврто другарките (осум проценти).
Повеќе од една третина од нив изјавиле дека најмногу се зближиле со мајката по раѓањето на првото дете.
Дека жените се повеќе личат на своите мајки по 31-та година, покажува и податокот дека тогаш почнуваат да уживат во истите ТВ емисии и серии (24 отсто), дека имаат исто хоби (16 отсто), дека користат исти изрази (15 отсто) и дека ги привлекуваат исти типови на мажи (девет отсто).
Истражувањето го нарача компанијата „Доти Бинго“, откако претходно во анкетата е утврдено дек 80 проценти од жените, кои играат бинго ова хоби го наследиле од нивните мајки, баби или други женски роднини.