„Тојота“ повлекува 242.000 возила „приус“ и „лексус“

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ ќе повлече 242.000 модели на „приус“ и „лексус“ во светот заради проблеми со кочењето, иако нема извештаи за несреќи предизвикани од овој проблем.

Возачите на овие два модела, произведени меѓу март и октомври 2009 година, се жалеле дека мораат посилно отколку порано да нагазат врз сопирачката, пренесуваат француските медиуми.

Портпаролот на компанијата во Токио наведува дека заради слабости во материјалот доаѓало до пукнатина низ која азотот капел во течноста за запирање, влијаејќи врз ефикасноста на кочењето.

-Не е пријавена ниту една несреќа, но „Тојота“ прими повеќе од 90 жалби од купувачи ширум светот, додаде портпаролот на компанијата.

Компанијата ќе повлече 117.000 возила во Јапонија, 91.000 во Северна Америка, 30.000 во Европа и 3.000 во азиско-пацифичкиот регион.

„Тојота“, заради разни проблеми, во последните неколку години повлече милиони возила, загрозувајќи ја некогашната репутација што беше темелена на безбедноста и сигурноста.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска