ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев дилот за пописот го направил во угостителски објект во Полошко

Од:

„Власта на Заев наместо попис планира да спроведе политичка операција. Затоа шверцерски, без консензус, насилно го донесе законот за попис. Овој попис не е според европските стандарди, туку според стандарди на Заев, што гарантира дека е пазарџиско-политички дил.

Затоа власта ги одби сите предлози на опозицијата вклучително и употребата на електронски отисок на прст, бидејќи не им е намерата Македонија да има реална, туку политички креирана слика за бројот на населението. Во пописот според стандардите на Заев наместо само резиденти, како што е секаде во Европа, ќе се попишуваат и нерезиденти. Во пописот на Заев ќе се диктираат само матични броеви, без приложување на документи и информации може да даваат лица кои најдобро ги познавале отсутните. И на крајот пописот на Заев ќе се смета релевантен само ако биде потпишан од директорот и заменик директорот на ДЗС и двајцата блиски до партиите на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа повторно прашуваме, дали дилот за пописот, резултатите бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај? Основи за сомневање има многу, почнувајќи од постапката како се утврди пописот, преку отсуството на јасна методологија, заклучно со отвореното лицитирање со резултати.

СДСМ и Заев поради сето ова се одговорни, бидејќи наместо релевантна статистичка операција создаваат политичка операција која создава сомнежи, конфликти и недоверба кај целокупната јавност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање