Телефонски разговор на Бајден и Суга за зајакнување на сојузот САД – Јапонија

Од:

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека во телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден се согласиле дека билатералниот сојуз меѓу двете земји треба да биде засилен, во време кога Кина ја шири својата економска и воена моќ.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека соговорниците ја потврдиле важноста на сојузот САД – Јапонија како столб на мирот и просперитетот во слободниот и отворен Индо-Пацифик.

Двете страни, исто така, соопштија дека го потврдиле безбедносниот договор меѓу САД и Јапонија за групата острови во Источното Кинеско Море контролирани од Јапонија, на кои се наоѓа Кина, наречени Сенкаку во Јапонија и Дијаоју во Кина.

Бајден ветил дека Соединетите Американски Држави ќе ја почитуваат својата обврска да и обезбедат на Јапонија „пошироко одвраќање“ за нуклеарната заштита на САД што ја покрива Јапонија.

Во соопштението се додава дека двајцата лидери ја потврдиле неопходноста од денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Кратко по неговата потврда за преземање на должноста во Сенатот, новиот американски државен секретар Ентони Блинкен разговараше со јужнокорејскиот и јапонскиот колега и ја истакна посветеноста на администрацијата на Бајден за зајакнување на американскиот сојуз со двете земји.

Би можело да ве интересира

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски