Објавена е прва фотографија од Еванџелин Лили во улога на елф во филмот „The Hobbit: The Desolation of Smaug“.
Актерката е дел од актерската екипа на вториот филм од трилогијата за хобитот.
Таа ќе го глуми ликот на воинот Тауриел, водач на елфската гарда.
Премиерата на „The Desolation of Smaug“ е закажана за декември оваа година.