Владата почна постапка за набавка на 200.000 кинески вакцини против Ковид-19

Од:

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница ја разгледала и ја усвоила Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19, соопштија од „Илинденска“.

Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19 согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас, се вели во соопштението, во кое не се спомнува дека вакцините за кои станува збор се од кинески производители. Вакцините на компаниите Синовак и Синофарм се досега единствените во светот развиени со инактивиран вирус.

„Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор. Според најавите од КОВАКС механизмот првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.

Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари,“ велат од Владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?