Меѓународната и европската федерација на новинари побара ослободување на Кежаровски

Од:

Меѓународната федерација на новинарите како и Европската федерација на новинарите го осудија апсењето на Томислав Кежаровски кој од 28 мај е во истражниот затвор.

„Го осудуваме начинот на кој што беше уапсен Кежаровски, како и самото апсење кое е во спротивност со неговото право како новинар да обезбеди информации од јавен интерес“, изјави претседателот на Меѓународната федерација Џим Боумела.

Според членките на Меѓународната федерација на новинари од Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите и Здружението на новинари, Кежаровски е уапсен и во притвор за сторија објавена во 2008 година. Тој е обвинет дека го открил идентитетот на заштитен сведок кој подоцна изјави дека дал лажна изјава како резултат на притисок од страна на полицијата.

Од Кежаровски е побарано да го открие изворот врз основа на кој го напишал текстот, но тој одбива тоа да го стори.

„Ова е грубо кршење на правото на новинарот да го заштити својот извор, што е гарантирано и со домашното законодавство (член 16 од Уставот на Република Македонија) како и со европските закони за слобода на изразувањето“, изјави Могенс Ближе Бјергард претседател на Европската федерација на новинарите.
Меѓународната и европската федерација на новинарите во денешното соопштение бара итно и безусловно ослободување на Кежаровски.

Барањето на ССНМ и ЗНМ за поддршка во случајот со новинарот Кежаровски и на правото на новинарите за заштита на изворите и слободата на изразувањето на конгресот на МФН што се одржува во Даблин, Ирска на кој што учествуваат повеќе од 300 делегати од 120 земји, беше е поднесено заедно со синдикатите на Белгија, Хрватска и Србија како и со здружението на новинарите на Хрватска.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ