На жител на Тајван изречена му е парична казна во висина од 35.000 американски долари откако повеќе пати ја прекршил мерката за домашен карантин, воведена поради пандемијата со Ковид-19.
На Тајванецот по враќањето од службен пат во Кина му бил одреден карантин, но тој за три дена седумпати не ја почитувал мерката.
Согласно тајванските мерки секој што се вратил на Тајван мора да помине 14 дена во карантин, шпто е обврзна мерка против Ковид-19.