Снимка од жесток судир меѓу група момчиња за кои се пренесува дека се мигранти и обезбедувањето на „Зара“ на улицата Кнез Михаилова во центарот на Белград, вечерва е објавена на социјалните мрежи.
Според очевидците, момчињата околу 18 часот се втурнале во продавницата и се обиделе набрзина да украдат дел од изложените парчиња облека, по што биле предизвикани од двајцата чувари и уследила десетминутна борба, во која не се вклучил ниту еден од бројните минувачи на познатото белградско шеталиште.
Жената која ја снима сцената со својот телефон, им се обраќа на мажите кои стојат околу неа и ги прашува зошто не им помагаат на чуварите.
Според српските медиуми, ограбувачите не успеале да однесат вреден плен од бутикот и си заминале со една украдена јакна.