Мицотакис задоволен од процесот на вакцинација во Грција

Од:

Задоволство во врска со одвивањето на процесот на вакцинација во земјата, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и објасни дека вчера биле вакцинирани речиси 20.000 граѓани, додека пак денеска или најдоцна утре ќе стигнат до вкупно 200.000 вакцинaции.

Грчкиот премиер истакна дека процесот на вакцинација може да се спроведува и побрзо, но целосно се зависни од бројот на вакцини што земјата ги добива.

Мицотакис рече дека се „многу емотивни сликите со возрасните граѓани кои со импресивна доследност се придржуваа до закажаните термини за вакцинација“, додека пак грчката претседателка истакна дека „даваат лекција на хуманост и одговорност“ и изрази надеж дека „нивниот пример ќе го следат сите граѓани, дури и оние кои сè уште се против потребата за вакцинација“.

И Мицотакис и Сакеларопулу истакнаа дека епидемиолошките податоци покажуваат дека Грција е во многу подобра ситуација во споредба со повеќето европски земји.

Денешната средба на грчкиот премиер и грчката претседателка беше во рамки на нивните редовни средби еднаш месечно.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе