ЕК изрази „фундаментално несогласување“ со ММФ за Грција

Од:

Европската комисија изрази денеска „фундаментално несогласување“ со Меѓународниот монетарен фонд во однос на неколку аспекти од извештајoт, со кој се оценуваат резултатите од првиот план за помош на Грција во текот на 2010 година.

ММФ смета дека преструктуирањето на грчкиот долг, спроведено во текот на пролетта 2012 година, требало да се случи уште во 2010 година.

– Изразуваме фундаментално несогласување со тој став, изјави Сајмон О’Конор, еден од портпаролите на ЕК, нагласувајќи дека тоа може да доведе до ризик од дестабилизирање на еврозоната.

– Извештајот на ММФ не ја зема предвид меѓусебната поврзаност меѓуземјите од еврозоната, нагласи тој и напомена дека грчката криза претставува „тешка и ситуација без преседан“.

– Тројката кредитори, ЕК, ММФ и Европската централна банка не постоеше пред три години и беше создадена од ништо. Имаме различни традиции и сфаќања за нештата, но сепак досега успеваме да донесеме солидни решенија, додаде тој.

ММФ во вчерашниот извештај објави дека направил грешка и признава дека првиот план за спас на Грција во 2010 година завршил со „големи неуспеси“, поспецијално заради несогласувањата со европските партнери од тројката.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски