(ВИДЕО) Арсовски: Одговорност за Коста Петров и итна оставка

Од:

Потпретседателот на СДСМ и директор на Фондот за иновации, јавно, без грам совест, дрско и без срам, најважно без ничија присила, призна дека свесно сторил кривично дело и притоа причинил материјална штета на институцијата што ја води во случајот Фондот за иновации.
Уште побезобразно, признавајќи дека направил кривично дело, јавно на телевизија им порача на граѓаните но и на сите останати, само „извините ако сум направил кривично дело“- рече денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Коста Петров противзаконски плаќал реклами со буџетски пари на граѓаните на медиуми и со тоа го прекршил член 353-В став 2, односно став 3 и причинил со своето несовесно работење материјална штета во институцијата која што ја води во моментов. Токму Владата на СДСМ го смени законот 102 од законот за АВМУ, со што државните институции и сите оние кои што користат буџетски средства, да не смеат по ниеден основ да се рекламираат во медиумите. Сакам да и најавам на јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на неделата ќе поднесе соодветна кривична пријава против директор за извршен кривичен престап – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење

(ВИДЕО) Арсовски: ДЗСИ јавно да ги објави лиценците за очната болница

Арсовски: Дали Бухова и Министерството за здравство дозволиле очната болница на Промедика да врши дејност оперативни зафати без потребни лиценци?

Катерина Ѓуровски

Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна

Горан Наумовски

Арсовски: Скафандер министерката стана скандал министерка

(ВИДЕО) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Горан Наумовски