ВИДЕО: Тодоров, подалеку од мојата матка, порачаа граѓаните пред Собранието

Од:

Невладините организации денеска, повторно протестираа против предлог законот за прекинување на бременоста. Тие потеницаат дека овој закон ги ограничува жените во слободното донесување на одлуката за прекинување на бременост, како и дека истиот не е подготвен во транспарентна процедура.

Организациите и граѓаните со протестот испратија јасна порака до Собранието на РМ да не дискутира за овој закон, а Министерството за здравство, како предлагач да го повлече.

„Идеата на дел од пратеничките кои имаат несогласување со дел од законот е да се предлагаат амандмани. Наш став е дека овој закон не може туку така да се промени“, изјави учесничка на протестот, и порача дека сите недоследности треба да се отстранат.

Од ХЕРА сметаат дека по вчерашната расправа министерот за здравство останува на ставот и нема да го повлече назад. Тие велат дека никој не бил вклучен во донесувањето на законот, посочувајќи дека од самиот почеток не беле вклучени.

„Ние сме навредени со тоа што се обидоа да не избегнат. Ова право никој не ни го дава, ние сами си го земавме, го прочитавме законот и излеговме на улица“, велат од ХЕРА.

Граѓаните гласно извикуваа: „Повлечете го законот!“, а носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ако не веруваш во мојата одлука, како ми доверуваш дете“, „Мое тело, моја одлука“, „Министере не глумете лудило“, „Дали не прашавте“ и „Не ме штити сама од себе“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Платформа за родова еднаквост: Медикаментозниот абортус да биде достапна здравствена услуга и во болниците во другите градови

Ана Ололовска

Платформа за родова еднаквост: Абортусот е неопходна здравствна услуга и во време на пандемија

Ана Ололовска

МЗ: Новиот Закон за прекинување на бременоста е донесен и објавен во Службен весник

Ана Ололовска

Изгласан Законот за прекинување на бременоста