Груевски: Не прифаќам лицемерие во политиката

Од:

„Имаме капацитет да работиме и да напредуваме, како што имаме и право да бидеме незадоволни од оваа неправда што ни се случува, и тоа не е прашање на Груевски или Црвенковски, или Георгиевски или Петковски, или Тачи или Ахмети, или на кој било политички лидер или индивидуалец. И оттука, некои реакции на моето интервју за МИА дека било емотивно се нелогични и се критика без јасна цел, која доаѓа од луѓе кои не знаат да разликуваат вистина од емоција“

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговорот на дописот од пратениците од СДСМ.

– Ние и понатаму ќе останеме посветени на реализацијата на стратешката определба за членство во НАТО, и ќе работиме во таа насока.

Во одговорот на дописот од пратениците на СДСМ тој посочува дека ваква реакција од опозицијата воопшто не го изненади и оти ја очекувал и „тоа токму заедно со тонот со кој е пишувана“.

– А и самите знаете дека е пишувана од една рака, која се крие зад вашите потписи, принцип адекватен на се останато во вашата партија, посочува премиерот.

– Граѓаните треба да не дозволат оваа неетичка злоупотреба на позицијата која ја има нашиот јужен сосед и класична демонстрација на неконструктивно однесување, кое е во спротивност со основните начела на НАТО Алијансата-еднаквоста, слободата и владеењето на правото, на меѓународното право, да ги совлада, потишти или пак да им ги помати перцепциите и приоритетите, пишува Груевски.

„Не сакаме и не знаеме да бидеме лицемерни, и додека некој ни ја попречува иднината и перспективата на два милиони граѓани на оваа земја да премолчуваме или да наведнуваме глава, или да се самообвинуваме за нешто што е вина на друг! – Не. Ние кажуваме директно. Јасно и прецизно. Искрено и чесно. Никогаш не очекувајте дека ќе лажеме.

– Политиката што досега ја промовираа некои од лидерите на опозицијата, како политика на свиткан рбет и криење на реалноста, не ја прифаќам како метод во политиката и однос кон сопствениот народ. Ако некој ја каже реалноста и вистината тогаш тој е емотивен, непримерен или кавгаџија. А ако некој го лаже сопствениот народ дека му го менува името во привремена референца и дека таа референца ќе трае само два месеци е визионер? Тоа ли се вашите вредности? Јас лично тоа не го прифаќам“, вели Груевски. Не го прифаќам, истакнува тој, лицемерието како израз на политиката.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Протест на Сите за Палестина против НАТО

Мерц и се закани на Москва: Русија ја загрозува безбедноста во Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рубио: Сите членки на НАТО ќе се согласат да издвојуваат пет проценти од БДП за одбрана

Катерина Ѓуровски

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он