Еден посилен и два послаби земјотреси забележени се ноќеска во околината на Петриња. Сеизмолошката служба на Хрватска јави дека најсилниот потрес бил со јачина од 3,4 степени.
„Ноќеска, 25.јануари, во 1 часот и 17 минути сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен потрес со епицентар на шест километри југозападно од Петриња. Магнитудата на потресот беше 3.4 степени по Рихтер“ – стои во соопштението.
ЕМСЦ јави и за уште два послаби потреси во текот на ноќта. Едниот со магнитута од 1.9, а вториот со јачина од 2.8 степени по Рихтер.