И луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 го пренесуваат вирусот, тврди британски професор

Од:

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги следат мерките за „локдаун“, предупреди главниот британски специјалист за грип.

Пишувајќи во „Сандеј телеграф“, професорот Џонатан Ван-Там појаснува дека научниците „сè уште не го знаат влијанието на вакцината врз трансмисијата“. Тој вели дека вакцините нудат „надеж“, но стапките на инфекции мора брзо да се намалат.

Оваа недела ќе се отворат уште 32 места за вакцини низ Англија. Ван-Там додава дека „ниту една вакцина никогаш не била ефикасна“ 100%, така што нема гарантирана заштита.

Тој предупредува дека е можно човек повторно да се зарази со вирусот во период од две до три недели по добивањето на вакцината. Па според него, „подобро е“ да се дозволи „најмалку три недели“ за имунолошкиот одговор во целост да се развие кај постарите луѓе.

„Дури и откако ќе ги примите и двете дози на вакцината, сепак може да му пренесете Ковид-19 на некој друг и синџирите на пренесување ќе продолжат. Ако го промените однесувањето, се уште би можеле да го ширите вирусот, да го одржувате високиот број на случаи и да ги изложувате на ризик другите, на кои исто така им е потребна вакцината, но се подолу во редот за вакцинација“ нагласува професорот Ван-Там.

Докторите ги повикаа здравствените власти во Англија да го намалат јазот помеѓу првата и втората доза на вакцината Фајзер-БионТех. Максималното чекање беше продолжено од три на 12 недели со цел да се добие првата доза на повеќе луѓе низ Велика Британија.

Но, Британското лекарско здружение соопшти дека политиката е „тешко да се оправда“ и дека јазот треба да се намали на шест недели, бидејќи постои загриженост дека вакцината може да стане помалку ефикасна.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он