Бајден го извадил „копчето за Кока-кола“ што Трамп го вгради во претседателскиот кабинет

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден го отстранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет за повик на послугата да донесе диетална „Кока-кола“.

Во првата година од мандатот на Трамп никој не знаел дека воопшто постои такво копче, но новинарка на Асошиетед прес забележала нешто чудно. Таа тогаш опиша како претседателот притиснал копче по што веднаш во кабинетот влегол батлерот на Белата куќа со чаша диетална „Кока-кола“ на сребрен послужавник. Истото го забележале и други новинари кои го интервјуирале претседателот.

Со тоа е откриено дека Трамп имал слабост кон газираниот пијалак. Тој наводно пиел и по 12 кока-коли дневно, а и изјавил дека копчето е поставено „за да продолжат да течат газираните пијалаци“.

Сега, откако Бајден е на функцијата, копчето повеќе го нема на фотографиите од претседателот на работната маса, пишува денеска Њузвик.

Кога службите во Белата куќа го известиле Бајден дека Овалниот кабинет е подготвен, го прашале Бајден дали сака да го задржи копчето за диетална кока-кола. Бајден наводно прашал: Какво копче, ве молам?

Покрај копчето за диетална кока-кола, Бајден го отстранил и тепихот со светли линии во форма на зраци поставен од Трамп во кабинетот и го вратил темно-синиот тепих со претседателски печат на средината, од времето на Бил Клинтон.

Бајден, исто така, ги вратил и завесите кои ги користел неговиот претходник Клинтон.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот