ХРВ бара итно решавање на мигрантската криза во БиХ

Од:

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска апелираше до Босна и Херцеговина веднаш да преземе мерки за да обезбеди заштита на стотиците мигранти кои претстојуваат во нехумани услови. Апелот пред се се однесува на мигрантите кои се сместени во околината на Бихаќ.

– Стотици мигранти и баратели на азил во северозападниот дел на БиХ зимските денови ги поминуваат во тешки услови бидејќи локалните власти повеќепати пропуштија да преземат мерки за да одговорат на нивните основни потреби, изјави претставничката на ХРВ, Лидија Гејл.

Според ХРВ недозволено е стотици мигранти во зимски услови да престојуваат под шатори и без нужна медицинска нега и затоа бара итни мерки за обезбедување на соодветно сместување.

Критиките упатени до властите на БиХ се однесуваат пред се на импровизираниот бегалски камп Липа во околината на Бихаќ.

Во Липа минатато лето беше воспоставен прифатен центар со повеќе од илјада мигранти под шатори, но во декември Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управуваше со ццентарот, процени дека не може да гарантира безбедно сместување во зимски услови бидејќи шаторите може да се урнат т под тежината на снегот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ