Кина му честиташе на Бајден и повика на единство во меѓусебните односи

Од:

Кина денеска му честиташе на американскиот претседател Џо Бајден на преземањето на должноста и повика на „единство“ во односите меѓу двете земји.

– Забележав дека претседателот Бајден постојано инсистираше на зборот „единство“ во својот говор. Мислам дека тоа е токму она што ни треба сега во кинеско-американските односи, изјави за новинарите портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунинг.

Односите меѓу Кина и САД паднаа на најниско ниво во времето на претседателот Доналд Трамп, кој водеше трговска и технолошка војна со тој азиски гигант.

Портпаролката оцени дека Кина и САД треба да бидат храбри и мудри за да соработуваат.

– Тоа е обврска на Кина и САД, како две големи нации, но и меѓународната заедница се надева на тоа. Ако двете страни соработуваат, добронамерните ангели ќе надвладеат над злите сили во кинеско-американските односи, рече таа.

Хуа го поздрави враќањето на САД во Парискиот договор за клима и во Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он