Британскиот глумец Расел Бренд беше зависник од хероин, секс и алкохол. „Чист“ е веќе десет години.
Комичарот им помага на проблематичните тинејџери во Лос Анѓелес да се држат понастрана од опијатите. Расел ги обиколува општините со учителката по јога Теј Каур Калса и младите ги враќа на прав пат.
„Трансценденталната медитација и јога ми помогнаа да се излечам, па зошто да не им помогнат и на други“, рече Расел кој на хероин се „навлекол“ на 16 годишна возраст.